Хуманоста на дело ја покажаа учениците од ООУ ,, Никола Карев ” заедно со активот по македонски јазик

Да помогнеме на наш начин, да се соберат средства со кои ќе помогнеме за трансплантација на срце на наш сограѓанин

Хуманоста на дело ни ја покажаа младите волонтери од Црвен крст од Пробиштип, кои заедно со активот по македонски јазик организатораа литературен конкурс на тема ,, Чекор по чекор го освојуваме светот.

Иницијативата беше на учениците, но целта беше голема и пред се хумана.

Да помогнеме на наш начин, да се соберат средства со кои ќе помогнеме за трансплантација на срце на наш сограѓанин.

Мотивацијата беше голема, а се надеваме и успешна.

Учествуваа ученици од одделенска и предметна настава кои во своите творби ни покажаа дека желбата да се пишува и твори за ваква цел е уште поголема, што посебно не радува.

Па затоа во таа чест очекуваме и се надеваме дека оваа наша иницијатива ќе постане традиција.

Маријана Ефремова Кралевска

 

Сподели на Facebook и Twitter