II – награда на 57. Детски Рацинови средби за Ванеса Давиткова од ООУ „Никола Карев“ Пробиштип

Повеќе од 500 литературни творби беа испратени на овој литературен конкурс, но само неколку наградени

Чест и гордост беше да се биде дел и оваа година на Детските Рацинови средби. 

Повеќе од 500 литературни творби беа испратени на овој литературен конкурс, но само неколку наградени. 

Меѓу нив е и ученичката Ванеса Давиткова од ООУ ,, Никола Карев ” од Пробиштип, која го освои второто место со нејзината песна на тема ,,Мене и душата ми е црвена”. 

Низ стихови го оживеавме Рацин, и покажавме дека неговиот лик и дело секогаш ќе живеат со нас. 

 Честитки за Ванеса, која по втор пат беше дел на оваа голема манифестација во Велес, заедно со нејзината наставничка по македонски јазик, Маријана Ефремова Кралевска . 

Се надеваме дека ќе продолжиме и понатаму да го чуваме и негуваме убавиот пишан збор. 

Маријана Ефремова Кралевска 

 

 

Сподели на Facebook и Twitter