,, Јазикот е нашата татковина ” ќе рече Блаже Конески, а неговата порака беше мотивација за учениците од ООУ,,Никола Карев” од Пробиштип

Овој успех значи пласман на Државен натпревар кој ќе се одржи наскоро

Јазикот на кој денес пишуваме и зборуваме не‘ прави единствени и свои. Оспоруван, непризнаван, клеветен, но примамлив за освојување, токму како што рекол нашиот Великан Блаже Конески :,, Јазикот е нашата татковина “.

Без јазикот ќе си недостигаме самите на себе, оти само јазикот никогаш не не‘ оставил сами и тој памти многу повеќе отколку што ние можеме да заборавиме – Петре М. Андреевски. Потполно биле во право.

Нашиот јазик е нашиот пат до ова што сме денес и тој не бил ни малку лесен. Но без разлика на се‘, тој пат го изодиле нашите херои и ни оставиле аманет да го чуваме.

Оваа порака е длабоко врежана кај учениците од цела Македонија кои тоа го одбележаа на посебен начин.

Во чест на македонскиот јазик на 18.11.2023 год во Куманово се одржа Регионалниот натпревар по македонски јазик, каде учениците:

Андреа Стојанова од 9 одд и Петар Митковски 7 одд, под менторство на наставничките по македонски јазик Маријана Ефремова Кралевска и Сашка Миланова освоија третото место.

Овој успех значи пласман на Државен натпревар кој ќе се одржи наскоро.

Честитки за учениците и им посакуваме повторно со успех да го украсат името на своето училиште.

Маријана Ефремова Кралевска

 

Сподели на Facebook и Twitter