Јован Младеновски се закити со награда

Уште една награда за ООУ ,,Никола Карев " и ученикот Јован Младеновски.

Уште една награда за ООУ ,,Никола Карев ” и ученикот Јован Младеновски. По повод Светскиот ден на книгата, беше распишан награден литературен конкурс на слободна тема од областа на поезијата, во 3 категории, каде што учествуваа сите училишта од државата. Второто место му припадна на нашиот ученик Јован Младеновски од 7 – а одд под менторство на наставничката по македонски јазик Маријана Ефремова- Кралевска. Честитки до ученикот, а овој успех нека биде само почеток на убавиот пишан збор.

Маријана Ефремова- Кралевска

Сподели на Facebook и Twitter