Клуб на млади Црвен Крст ОО Пробиштип повторно во хумана мисија

Децата од основните училишта во општина Пробиштип имаат право на образование, и затоа, ние како заедница, сме одговорни да им го овозможиме најдоброто.

Втора година по ред, Клуб на млади Црвен Крст Општинска Организација Пробиштип донира училишен прибор за децата од основните училишта ООУ”Никола Карев”, ООУ”Браќа Миладиновци” и подрачните училишта во населба Село Пробиштип и с.Злетово. Вкупно 21 училишен ранец полн со тетратки, моливи, вреkичка за спорт, дрвени и темперни бои, фломастери, oстрилки, шестар, линиар и многу друго, беа предадени на 21 ученици од основните училишта.

Младите од Црвен Крст велат: Почитувани, Со големо задоволство би сакале да Ве известеме дека со цел да го поддржиме образованието на нашите најмлади сограѓани, иницијативата на Црвен Крст Пробиштип ,,ШколскиПриборЗаСите” е успешно реализирана. Децата од основните училишта во општина Пробиштип имаат право на образование, и затоа, ние како заедница, сме одговорни да им го овозможиме најдоброто. По тој повод дониравме 21 училишен прибор во основните училишта.

 

Сподели на Facebook и Twitter