Лара Милошевска освои 1-во место на литературниот конкурс по повод Светскиот ден на штедењето

 Ученичката  Лара Милошевска од 6в   успеа да го освои 1 место , диплома и  детска штедна книшка со вредна награда воедно и да го промовира нашето училиште „Браќа Миладиновци“ од Пробиштип.

 

По повод месецот  на штедењето и одбележувањето на 31 октомври-  Светскиот ден на штедењето ,  Халкбанк објави    литературен конкурс  за најдобар  расказ на тема:

                 „ Мојата желба го обиколи светот “.

Конкурсот  беше  наменет за сите талентирани и литературно надарени ученици од петто до деветто одделение од сите основни училишта  во Македонија.

На овој литературен конкурс учество   зедоа  нашите ученички :

     Лара Милошевска 6в одд.  и    Јована Ноева 8а одд.од

  ООУ „ Браќа Миладиновци “ од Пробиштип под менторство на наставничката по македонски јазик  Лила Петрушевска .

Жири комисијата составена од компетентни стручни лица од областа на литературата имаше навистина тешка задача.

Oд 253  пристигнати раскази од сите основни училишта од цела Македонија да се одлучи за 5 најдобри вреднувајќи ги: креативноста, надареноста, амбициозноста, талентираноста, уметничко- стилските вредности  и  прозните  афинитети на сите овие ученици. Kои требаше да дојдат  до израз во нивните оринални автентични детски прозни  творби-расказите.

 Ученичката  Лара Милошевска од 6в   успеа да го освои 1 место , диплома и  детска штедна книшка со вредна награда воедно и да го промовира нашето училиште „Браќа Миладиновци“ од Пробиштип.

Каде посебен акцент се става на негувањето и  љубовта кон убавиот пишан македонски збор и учениците  се потикнуваат и мотивираат  да творат свое лично поетско и прозно литературно творештво.

Воедно  да ги изразат и своите рецитаторски и драмски афинитети на часовите по македонски јазик истовремено   членувајќи  и во литературно драмско –рецитаторската секција во рамките на нашето училиште.

Додека на ученичката Јована Ноева  од 8а исто така литературно надарена , талентирана и креативна ученичка  и посакуваме повеќе среќа и успех на некој следен литературен конкурс.

 

Ученици новинари:

Михаела Георгиева,Леона Радованова и Јована Колевска

Сподели на Facebook и Twitter