Успехот на литературното поле е се поголем, што посебно ме радува како наставник по македонски јазик.
Желбата да се пишува и твори е присутна кај учениците од литературната секција при ООУ „Никола Карев“ – Пробиштип, често се заслужни и го красат името на своето училиште.
Уште еден резултат во низата на литературата, но овој пат на меѓународно ниво.
Босна и Херцеговина како земја домаќин распиша конкурс на кој учество земаа повеќе земји.
Чест ни беше да учествуваме, а задоволство што имаме и награда.
Мелани Добревска од 9 одд , заедно со својата наставничка по македонски јазик Маријана Ефремова – Кралевска е една од наградените, а воедно и поканета на 18.04. да присуствува меѓу најдобрите во Бања Лука.
Честитки за Мелани и нејзината творба „Мојата порака низ времето…“
Успех е да се слушнат стиховите и надвор од границите на нашата држава , но и благодарни што ни овозможи да се слушне името на нашето училиште и подалеку.
Маријана Ефремова Кралевска