Награди и признанија за „Младите физичари“ од ООУ „Никола Карев“ од Пробиштип

Целта на овој натпревар беше учениците да ги покажат своите експерименти од областа на физиката

На 16.11.2023 год во Скопје, се одржа 45 – школа  „Млади физичари“ каде што учениците од ООУ „Никола Карев“се вратија со освоени награди и признанија.

Целта на овој натпревар беше учениците да ги покажат своите експерименти од областа на физиката.

Наградени ученици:

Тадеј Максимов и Матеј Величков IX б одд. Второ место

Мелани Панова и Мелани Добревска IX в одд. Трето место

Ања Алексовски и Мила Петровска VIII а одд. Трето место

Младен Пановски и Јована Радева VIII а одд. Сертификат за учество

Учениците работеа под менторство на наставничките Стојна Гичева и Станка Тасевска.

Браво ученици и понатаму да продолжите да го красите училиштето со успех.

ООУ „Никола Карев“ Пробиштип

 

 

Сподели на Facebook и Twitter