Одбележан Европскиот училишен спортски ден во ООУ „Браќа Миладиновци“ Пробиштип

Мотото на годинашниот Европски училишен ден беше: "Радоста во спортот и физичката активност"

По повод Европскиот училишен спортски ден, 29 септември, под мотото: “Радоста во спортот и физичката активност”, учениците од ООУ “Браќа Миладиновци” и од ПУ Злетово, ПУ Населба Пробиштип и ПУ Ратавица реализираа повеќе активности заедно со своите наставници по ФЗО. 

Начинот на реализација на предвидените активности е во т.н. “фестивалски” метод, односно со ротација на повеќе станици, учениците имаа можност да ги практицираат различните форми на физичка активност. 

  ООУ „Браќа Миладиновци“ Пробиштип 

Сподели на Facebook и Twitter