Одржан регионален натпревар по биологија

Од ООУ ,,Никола Карев '' учество зедоа два ученика од седмо ,три од осмо и тројца од деветто одделение.

Минатата седмица беше одржан регионален натпревар по Биологија.

Од ООУ  „Никола Карев“ учество зедоа два ученика од седмо ,три од осмо и тројца од деветто одделение.

Ученичката Сара Јовановска 7 одд.освои прва награда и директно се пласира на државен натпревар, додека Јована Тодева 7одд.беше наградена за учество.

Од осмо одд. Јован Радева и Ања Алексовски освоија трета награда додека Јован Младеновски беше пофален за учество на натпреварот.

Од деветто одд. учествуваа Ана Димитриевска, Мелани Добревска и Андреј Љубев сите освоија трета награда.

Учениците се под менторство на наставничката Сузана Митковска.

Натпреварот се одржа на 29.03.2024.год во просториите на ООУ „Никола Карев“. Поддршка за натпреварот имавме од директорката Атинка Стојчевска Барљамова и информатичка поддршка од Дарко Даме Тасевски.

Професор Сузана Митковска

Сподели на Facebook и Twitter