ООУ „Браќа Миладиновци“ Пробиштип -5 мај Денот на македонскиот јазик

Активности на учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ Пробиштип по повод Денот на македонскиот јазик

На денешен ден, 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија била усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца, на 7 јуни Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.

Во таа чест денес со првачињата, најмалите од нашето училиште, прошетавме низ страниците на „Весела азбука“ од Видое Подгорец, еден од најплодните писатели за деца, прочитавме песнички и изработивме илустрации во кои ги оживеавме буквите.

ООУ „Браќа Миладиновци“

 

Сподели на Facebook и Twitter