ООУ ,, Браќа Миладиновци” Пробиштип нижи успеси на државните натпревари

Резултати на учениците од неколку училишни натпревари

На државниот натпревар по географија кој се одржа на 18.5.2024 година, ученичката Ана Марија Николова од IX-1 одделение од ПУ Злетово освои трета награда, под менторство на наставничката по географија Христина Манасиев. 

Честитки за ученичката и за менторот и уште многу успеси да имаат во иднина!!!

 

На 18.05.2024 во Скопје се одржа Државниот натпревар по англиски јазик за учениците од основните училишта. 

Нашите ученици од седмо одделение, под менторство на наставничката по англиски јазик Јулијана Маркова Георгиевска го остварија следниот успех: 

Мартин Веселиновски – втора награда 

Лука Ратески – трета награда 

  

На Државниот натпревар по математика кој се одржа на 11.5.2024 година на ПМФ во Скопје, учениците од нашето ООУ ,,Браќа Миладиновци” Пробиштип ги постигнаа следниве високи резултати: 

Лара Милошевска – VI одделение,II награда 

Лазар Бошковски – VII одделение, III награда 

Ментор Благица Милисова, наставник по математика. 

 

ООУ „Браќа Миладиновци“ Пробиштип 

Сподели на Facebook и Twitter