ООУ „Никола Карев“ по втор пат беше домаќин на учесници од програмата Еразмус+

Си ветивме дека повторно ќе се видиме во Романија наредната година

Во периодот од 09.10.2023 до 12.10.2023 нашето училиште ООУ „Никола Карев“ по втор пат беше домаќин на учесници од програмата Еразмус+.  

Станува збор за проектот „Think global, act local“ или во превод „Мисли глобално, делувај локално“. Главната цел на овој проект е подигање на свеста за заштита на животната средина и инклузија.  

Имавме гости од Романија, која е и координатор на овој проект, Франција, Турција и Италија. Во текот на овие четири дена учесниците имаа можност да посетат многубројни македонски локалитети.  

Секој од учениците ја претставивме својата земја и нејзината животна средина преку претходно подготвени презентации.  

Исто така го посетивме Кратово, саат-кулата и камените кукли во Куклица.  

Во вторник, заминавме во Скопје. Ја посетивме клисурата Матка, нашите гости имаа можност да се возат во чамец и да ја видат пештерата Врело. Потоа ја посетивме скопската тврдина Кале, музејот на Мајка Тереза и пешачевме по Скопска чаршија.  

Наредниот ден пешачевме до месноста Крст кадешто се одржа работилница за инклузија и „team-building“. Потоа при посетата на Лесновскиот манастир нашите гости се запознаа со нашата историја и култура, а похрабрите ги посетија и пештерите што се во близина на манастирот. 

 Последиот ден имавме работилница на споменикот Братство и единство, го посетивме Музејот за ретки минерали и бевме присутни на изложбата која се одржа во Домот на културата.  

Сосема накрај изработивме постери со еко пораки со цел да ја промовираме целта на овој проект. 

На крај со тешко срце си кажавме збогум со нашите пријатели од Романија, Франција, Турција и Италија и си ветивме дека повторно ќе се видиме во Романија наредната година. 

Ова искуство за нас беше од неверојатна важност, не поттикна повеќе да си ја сакаме животната средина, а уште поважно за нас ни отвори можност да оствариме многубројни пријателства кои веруваме дека ќе траат уште долго.

Сара Јанева и Андреа Стефановска со група на ученици од ООУ „Никола Карев“ Пробиштип

Целото видео ќе го погледнете ТУКА

Сподели на Facebook и Twitter