Во рамки на проектната активност по англиски јазик, ученици од нашето училиште СОУ”Н.Н. Борче” заедно со професорката Јасмина Тоневска имаа можност да ја посетат Амбасадата на САД во Скопје. Учениците имале можност убаво да се запознаат и со надворешниот и со внатрешниот изглед на Амбасадата. Исто така преку презентација учениците се запознале како работи и функционира Амбасадата, со улогите на вработените таму, програмите во склоп на образованието кои што ги финансира Американската Амбасада итн.
Од Амбасадата изјавиле дека нашите ученици им биле први посетители од училишта после пандемијата и искажале голема благодарност за иницијативата и заинтересираноста на учениците. Учениците задоволни и благодарни од добрата организација си заминале.
Василија Василева