„ПРАВОПИСНИ АВАНТУРИ“

И веројатно е дека првите се секогаш во помал број!

           Валентина Давиткова

Дипломиран професор по македонски јазик и литература

 

 

НЕВЕРОЈАТНО/НЕВЕРОВАТНОВЕРОЈАТНО/ВЕРОВАТНО НЕВЕРОЈАТНО е колку многу луѓе во усното и писменото изразување го користат зборот НЕВЕРОВАТНО за да искажат неверување во нешто или пак воодушевување од некој подвог, поглед, слика, личност…

ВЕРОЈАТНО е дека многумина од нив не знаат дека правописното правило за овие зборови: НЕВЕРОВАТНО и ВЕРОВАТНО вели дека тие се србизми, а во македонскиот литературен јазик се пишуваат: НЕВЕРОЈАТНО и ВЕРОЈАТНО!

Можеби во следнава, многу често користена изрека, ќе ви стане јасно за што се работи: „Постојат два типа луѓе, просто неверојатни неверојатно прости!

И веројатно е дека првите се секогаш во помал број! “ Затоа овој ден нека ви биде неверојатно убав, уживајте во сончевите зраци додека се’ уште не’ топлат и веројатно ќе бидете весели и расположени до зајдисонцето…

Сподели на Facebook и Twitter