„ПРАВОПИСНИ АВАНТУРИ“

„Разбирањето на јазиците и другите култури гради мостови. Тоа е најбрзиот начин да се доближи светот и да се доближи до Вистината. Преку разбирање, луѓето ќе можат да ги видат нивните сличности пред разликите“.

           Валентина Давиткова

Дипломиран професор по македонски јазик и литература

 

Денес е 21 февруари, Меѓународен ден на мајчиниот јазик, кој со поддршка од УНЕСКО од 1999 г. се одбележува секоја година со цел да се прослават повеќе од 6000 различни јазици кои се зборуваат во светот денес. Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е ден за промовирање на лингвистичката и културната разновидност со што се потенцира важноста и уникатноста на секој јазик на планетата. 

„Разбирањето на јазиците и другите култури гради мостови. Тоа е најбрзиот начин да се доближи светот и да се доближи до Вистината. Преку разбирање, луѓето ќе можат да ги видат нивните сличности пред разликите“. 

Јазикот ги премостува културите, способноста да комуницираме еден со друг, ни помага да ги разбереме различностите и да ги почитуваме посебностите кои не’ дефинираат токму преку јазичната уникатност и вредност. Затоа од особено значење е да се СФАТИ колкава улога има мајчиниот јазик кој го запознаваме уште од најмали нозе. 

Јазиците воопшто,  претставуваат суштина на идентитетот на еден народ, етничка група и поединецот воопшто. Јазиците се срцето на целиот социјален, економски и културен живот и вака гледани градат мостови помеѓу различните соговорници. 

 “Јазикот е единствената наша татковина. Се додека го чуваме , го негуваме , го вардиме , го гледаме јазикот наш македонски – ке може да сметаме дека ја имаме и татковината, како куќа, како дом , како огниште”- Блаже Конески 

Токму потребата од сфаќање на важноста на мајчиниот јазик и неговата правилна употреба, не’ води во нашата прва правописна авантура… 

СФАТИ или СВАТИ? 

 

Се надевам дека многу брзо ќе СФАТИТЕ дека ова е најчестата правописна грешка која се прави скоро во сите видови пишани текстови… 

Убав ден и честит нека ни е денот на мајчиниот јазик. 

Сподели на Facebook и Twitter