„ПРАВОПИСНИ АВАНТУРИ“

 Се надевам дека нашата втора правописна авантура во февруари, ќе предизвика мало потсетување на уште едно правописно правило кое треба да се употребува. 

           Валентина Давиткова

Дипломиран професор по македонски јазик и литература

 

ФЕВРУАРИ или ФЕБРУАРИ? 

Денес е последниот ден од најкраткиот месец во календарската година, месецот на виното и љубовта и во зависност од тоа каде живеете, месецот на голем студ. 

Поттикната од една правописна грешка која многу често се прави, а се однесува токму на името на овој месец, решив денешното објаснување за најчестите правописни грешки кои се среќаваат, особено на социјалните мрежи, да се однесува токму на правилното пишување на името на месецот кој денес завршува. 

Многу често овој месец го среќаваме запишан како ФЕБРУАРИ. 

Тоа е сосема погрешно иако најголем дел говорителите чиј мајчин јазик е македонскиот, воопшто не обрнуваат внимание на ова правописно правило бидејќи свесно или несвесно се под влијание на англискиот јазик ( February), или на соседните словенски јазици каде овој месец исто така се пишува со Б (februar). 

Според Правописот на македонскиот јазик правилно се пишува ФЕВРУАРИ и тоа секогаш со мала почетна буква, ама за тоа правописно правило во некоја друга прилика. 

Еве неколку интересни факти за најкраткиот месец во годината: 

  1. За разлика од другите месеци, февруари нема секогаш ист број на денови. На секои 4 години има 29 дена. 
  2. Името на овој месец потекнува од латинскиот збор „februum“, што значи прочистување. 
  3. Во северната хемисфера, февруари е третиот месец од зимата, додека во јужната хемисфера е третиот месец од летото. 
  4. Февруари, март и ноември секогаш започнуваат во ист ден во неделата, освен ако не е престапна година. 
  5. Февруари е единствениот месец во годината во текот на кој е можно да нема полна месечина. 
  6. Астролошките знаци на февруари се Водолија и Риби. 
  7. Должината на февруари се менувала низ историјата. Во еден период имал само 23 дена. 

 Се надевам дека нашата втора правописна авантура во февруари, ќе предизвика мало потсетување на уште едно правописно правило кое треба да се употребува. 

Имајте пријатно расположение во последниот ден од февруари, вториот месец од календарската година. 

Сподели на Facebook и Twitter