„ПРАВОПИСНИ АВАНТУРИ“

Се чувствувам обврзана данешниот напис да биде во служба на избегнување на овие правописни грешки во иднина или да речеме мало потсетување на неколку правописни правила. 

           Валентина Давиткова

Дипломиран професор по македонски јазик и литература

 

МАСКЕНБАЛ или МАСКЕМБАЛ? 

За неколку дена во Пробиштип ќе се одржи традиционалниот маскенбал во организација на општината. Бидејќи имав можност многу често да среќавам објави и пишани текстови кои во себе содржат неколку погрешно напишани зборови поврзани токму со овој настан, се чувствувам обврзана данешниот напис да биде во служба на избегнување на овие правописни грешки во иднина или да речеме мало потсетување на неколку правописни правила. 

Имено, зборот МАСКЕНБАЛ толку често го среќаваме запишан како МАСКЕМБАЛ што дури и не обрнуваме внимание дека е погрешно напишан. Затоа еве едно мало појаснување: зборот МАСКЕНБАЛ е сложен збор кој настанал од зборовите МАСКА и БАЛ, а се оснесува на бал кој се одвива под маски. МАСКЕН, како дел од сложениот збор, значи дека балот се одвива под маски ), а сложениот збор е МАСКЕНБАЛ. 

Втората работа која овде сакам да ја потенцирам е дека датумите кои не се однесуваат на празници се пишуваат со мала буква: 1 април или први април, како и сите останати денови и датуми во годината кои не се поврзани со некој специфичен празник како на пример: 11 Октомври или Единаесетти октомври, 8 Март, Осми март итн. 

Сигурно веќе забележавте дека имињата на месеците во годината се пишуваат со мала буква, освен ако се најдат на почетокот на реченица. Тоа е уште едно правописно правило кое многу често се прекршува при пишувањето затоа што во објавите , односно во пишаните текстови вака напишаните зборови со голема буква (Јануари, Декември, Јуни…) се под влијание најмногу на аглискиот јазик каде сите месеци во годината и деновите во неделата се пишуваат со голема буква. Во македонскиот литературен јазик месеците и деновите во неделата се пишуваат со мала буква (јануари, февруари, март, април, мај, јуни, јули, август, септември, октомври, ноември декември; понеделник, вторник, среда, четврток, петок, сабота, недела), освен, како што нагласив, ако се најдат на почетокот на реченицата. 

Ви посакувам убаво да си поминете на пробиштипскиот маскенбал кој оваа година ќе се одржи на 31 март и 1 април (петок и сабота) и да направите многу интересни фотографии кои ќе бидат ваши спомени… 

А за априли-ли-ли ќе зборуваме во некоја друга прилика. 

Сподели на Facebook и Twitter