Претставата „Со песна и смеа“ ги воодушеви граѓаните на Пробиштип

Голема благодарност од граѓаните на Пробиштип, а и од уредувачкиот тим на Пробиштип инфо за прекрасната вечер што ни ја приредивте. Со задоволство сведочиме, а и ќе продолжиме да сведочиме на сите ваши проекти и успеси.

 

Синоќа граѓаните на Пробиштип имаа несекојдневна можност, а и привилегија, да присуствуваат на уметнички перформанс подготвен од учениците од прва и втора година при СОУ,, Н.Н. Борче“.

Учениците : Невена Кимова, Матеј Димитриевски, Драгана Божинова, Јована Пешовиќ, Петар Арсовски, Давид Митевски, Панче Панов, Андреј Ковачев, Димитриј Аврамовски, Стефанија Јанковиќ, Јана Насевска, хорот и оркестарот при училиштето, владееја со сцената како вистински професионалци, овозможувајќи публиката да ужива во нивната изведба. Претставата изобилуваше со прекрасни македонски песни кои учениците маестрално ги пренесоа и шеговити реплики со кои ја засмејуваа публиката.
Сите ние кои имавме среќа да присуствуваме, кино салата Злетовски рудар ја напуштивме среќни што сведочевме на овој прв, од ваков профил уметнички проект, кој, верувам, ќе биде дел од една долга низа успешни перформанси кои ќе ги видиме во иднина.

Голема благодарност од граѓаните на Пробиштип, а и од уредувачкиот тим на Пробиштип инфо за прекрасната вечер што ни ја приредивте. Со задоволство сведочиме, а и ќе продолжиме да сведочиме на сите ваши проекти и успеси.

Сподели на Facebook и Twitter