Прва награда на државниот натпревар по географија за Ана Станојковска

Соодветни сертификати ќе се доделат и на правни и физички лица кои помогнале во реализација на натпреварите на сите нивоа. Наградите за првите три места се обезбедени преку фондот „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје и УТМС Институтот за национална географија.

На 13.5.2023 година се одржа државниот натпревар по географија за основно образование. Ученичката Ана Станојковска од IX одделение со освоени 96 поени и освои прва награда на натпреварот.  Честитки за ученичката и нејзиниот ментор Христина Манасиев за одличните резултати. Им посакуваме уште многу успеси во иднина.

Во продолжение следува официјалното известување :

Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, на 23.05.2023 година (вторник) ќе ги додели дипомите, пофалниците, потврдите и наградите за ученици, ментори и училишта кои учествуваа на Државниот натпревар по географија за учебната 2022/2023 година.

Доделувањето ќе се изврши во просториите на Универзитетот Скопје со почеток во 14:00 часот.

За освоено прво, второ и трето место, учениците добиваат дипломи, додека менторите добиваат пофалници за освоено место.

За учесниците кои освоиле над 85 бода ќе се доделат соодветни сертификати за постигнување на високи резултати, односно пофалница за освоена 3 награда за ученици кои освоиле од 85-90 бода, 2 награда за ученици кои освоиле од 90-95 бода и 1 награда за ученици кои освоиле од 95-100 бода.
Сите останати учесници (ученици и ментори) добиваат потврда за учество на Државниот натпревар.

Соодветни сертификати ќе се доделат и на правни и физички лица кои помогнале во реализација на натпреварите на сите нивоа.
Наградите за првите три места се обезбедени преку фондот „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје и УТМС Институтот за национална географија.

 

Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје

Сподели на Facebook и Twitter