Резултати од државниот натпревар по биологија за ученици од прва и втора година при СОУ,,Наум Наумовски-Борче

Освоени три награди на државниот натпревар од учениците при СОУ „Н.Н.Борче“ Пробиштип

На државниот натпревар по биологија, ученици од прва и втора година при СОУ,,Наум Наумовски-Борче ги освоија следните награди:

Невена Кимова го освои второто место,

Јована Миланова трето место и Сара Апостолова од прва година го има освоено третото место.

Натпреварот беше одржан на 27 мај 2023 година на Природно- математичкиот факултет.

Истовремено им честитаме и на нивните ментори Сузана Заровска и Сузана Митковска.

Мелани Блажевска

Сподели на Facebook и Twitter