Секоја година учениците од ООУ,, Никола Карев” го одбележуваат 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик учениците од ООУ,, Никола Карев ” го одбележаа овој ден со една кратка програма во која беа вклучени повеќе ученици. Драмската и литературната секција во организација на нивните ментори и наставнички по македонски јазик, и оваа година се покажа во најдобро светло. Песни посветени на мајчиниот јазик, со кои децата ни прочитаа дека јазикот е најмоќниот начин да се зачува и развива културата на еден народ, беа прекрасни песни. Но, посебно интересно беше изведена драмата,, Споменка”, во која зборуваа за првата љубов, слична на првиот снег, ретко некогаш останува. Тогаш кога не можеш да кажеш што чувствуваш, кога книгите се поштар на на слатките детски писма и кога несебично се открива најголемата тајна односно првата љубов. Браво за учениците кои несебично го одбележаа и овој Меѓународен ден
Сподели на Facebook и Twitter