„Школо за театар и фотографија ” – нов проект во Домот на културата „Злетовски рудар“ во Пробиштип

Денес во Дом на културата ,,Злетовски Рудар" Пробиштип започна работилница како дел од проект чиј творец е Бојан Кирковски, дипломиран актер.
„Школо за театар и фотографија ” е проект од едукативен карактер и има за цел да ги запознае младите со театарот и со фотографијата како уметности. Со креативно културно едукативна социјализација за младите ќе се отвори можност за младите во средина каде што нема театар и активна уметничка сцена да се обидат да создадат своја.
Главната цел на школата за театар и фотографија не е да создаде професионални актери или фотографи туку да создаде луѓе што ќе размислуваат креативно и ќе може да дадат свој критички став и креативен придонес. На работилниците присуствуваат млади на возраст од 15 до 18 години. Учесниците на работилницата се избрани во координација и соработка со СОУ ,,Наум Наумовски Борче” Пробиштип.
Сподели на Facebook и Twitter