Со годинашната тема на литературниот и ликовен конкурс „Среќен празник хероју наш“ во чест на Денот на жената, 8 март, Општина Пробиштип го одбележа овој значаен празник со мала свеченост на која се доделија награди на наградените од конкурсот, а победничките песни беа прочитани пред присутните. Се прочита и мал реферат за значењето на денот. На присутните дами , а во чест на празникот им беа подарени по еден цвет со желба да се среќни и успешни, а здравјето да им биде верен другар.
На конкурсот за ликовна творба третата награда и припадна на Калина Кузманова, ученичка во VIII б одделение во Општинско Основно Училиште „Браќа Миладиновци“ Пробиштип.
Втората награда му припадна на Петар Василев, ученик во IXв одделение во ООУ „Браќа Миладиновци“ Пробиштип и
првата награда и припадна на Ванеса Давиткова, ученичка во VIIa одделение во ООУ „Никола карев“ Пробиштип.
На конкурсот за литературна творба третата награда ја доби Ванеса Давиткова, ученик во VII а одделение во ООУ „Никола Карев“ Пробиштип, за песната „Среќен празник мамо“
Втората награда и припадна на Ана Ампевска, ученичка во VIII в одделение во ООУ „Никола Карев“ Пробиштип за песната „Среќен празник хероју наш“ и
првата награда и приадна на Михаела Моневска, ученичка во IX в одделение во Општинското Основно Училиште „Браќа Миладиновци“ Пробиштип за победничката песна „За тебе мамо“.
Општина Пробиштип