Дел од нашите ученици имаа можност на 03.02.2023 да го посетат собранието на РСМ. Посетата беше од едукативен карактер, учениците имаа можност да се запознаат со улогата на собранието, улогата на пратениците, како и важноста на Собранието на една држава како највисоко државно тело. Ги посетија просториите, канцелариите како и салите во кој што пратениците ги одржуваат своите седници. Освен собранието го посетија и музејот на Македонската борба за државност и самостојност во кои што се запознаа нешто повеќе со историјата на нашата земја. Ваквите посети се од големо значење за нас учениците бидејќи учиме и запознаваме нови места во нашата Македонија.
Аница Бранкова