На денешен ден, 5 мај, го одбележуваме Денот на македонскиот јазик, денот кога во 1945 г. со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а набргу потоа, на 7 јуни истата година, е усвоен и правописот на македонскиот јазик.
Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со основоположничките дела на великанот на македонскиот јазик, Блаже Конески.
– Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик, како и со ангажманот и делото на македонскиот деец во стандардизацијата на македонскиот литературен јазик и особено во развојот на граматичарското дело, кој е автор на првата Македонска граматика – Круме Кепески.
Во чест на овој ден, учениците од литературната секција имаа литературно читање со свои литературни творби.
Андреа Стефановска