Тим СЕЗНАЈКОВЦИ: Спортски успеси на нашето училиште

Учениците кои добија награда се Мелани Панова и Филип Гоцев од 8в одделение.

Спортот претставува водилка и мотивација за многу млади. Не поттикнува да бидеме истрајни и со љубов и желба да се стремиме кон целта.Во нашето училиште, Никола Карев- Пробиштип, има спортисти кои оваа година добија награда за млади надежни спортисти на општина Пробиштип. Учениците кои беа наградени  се Мелани Панова и Филип Гоцев од 8в одделение.

Мелани Панова е член на К.К Пробаскет -Пробиштип, под менторство на тренерот Ванчо Лепитков. Таа се смета за една од најдобрите и најталентираните кошаркарки во нашиот град. Со кошарка се занимава од својата деветгодишна возраст и  активно се натпреварува во лига М18. Во период од една година беше член и на македонската репрезентација во категорија М12

 

Филип Гоцев е роден 2009 година, ученик во VIII одделение во ОУ Никола Карев- Пробиштип. Фудбал тренира повеќе од 6 години во ФК РУДАР ЈУНИОР. Моментално е дел од  младинската екипа на ФК СИЛЕКС – Кратово. Тој се смета за еден од најталентираните и најпреспективни млади фудбалери од неговата генерација во нашиот град и пошироко. Добитник е на наградата МЛАД НАДЕЖЕН СПОРТИСТ 2022 година – ФУДБАЛ на општина Пробиштип.

Мелани Панова и Мелани Добревска 8в одд.

Сподели на Facebook и Twitter