Дара Реккард е нова во училиштето, таа е дипломиран наставник по англиски јазик, кој во нашето училиште го предава англискиот како втор јазик. Дел од тимот на СЕЗНАЈКОВЦИ разговараше со неа и еве што ни откри. Таа потекнува од Хаваи, Америка. Пред да дојде тука 4 години работела во Јапонија. Вели дека Пробиштип многу и се допаднал и дека тука ќе престојува 2 години. Во градот најмногу и се допаднал Спомен Паркот и ентериерот таму. Има одено и во други градови, од кои најмогу и се допаднал Охрид и чистото Охридско езеро. Исто така многу ја привлекуваат планините кои би сакала да ги истражи. Македонскиот јазик и бил интересен за учење но проблеми имала со изговорот на зборовите без самогласки и разликувањето на буквите кои се пишуваат исто но се читаат различно на англиски и македонски. Македонски учела од септември. Во моментот може да не разбере ако зборуваме. Првата фраза која успеала да ја изговори била “Јас се викам Дара”. Од традиционалната храна пробала приближно се, а најмогу и се допаднало тавче гравче и ајварот. Мотто според кое се води во животот е “Барај утеха”(seek comfort). Љубовта на својот живот се уште ја нема пронајдено и тоа било сосема во ред.
Андреа Стојанова