Третоодделенци од ООУ „Никола Карев“ од Пробиштип, се закитија со награди

Голем успех на стартот на Новата година

Новата година започна со награди за ученици од трето-а одделение од ООУ ,,Никола Карев” Пробиштип, кои под менторство на наставничката Соња Даниловска твореа на темата Коледе и Бадник и зедоа учество на поетскиот литературен конкурс Коледица, меденица и по неа Василица и Бадник, во организација на Милица Паулус во категоријата деца и млади и ги освоија следниве резултати:

Сара Ампева – Престижна награда

Јана Душанова -Прва награда

Христина Цанева и Ива Величкова – Трета награда.

На истиот конкурс во категоријата возрасни наставничката Соња Даниловска освои прва награда.

Одделенски наставник – Соња Даниловска

Сподели на Facebook и Twitter