Учениците на ООУ ,,Браќа Миладиновци“ продолжуваат да нижат успеси

Ана, Анастасија и Михаела се закитија со награди.
На 26.5.2023 година на ПМФ се одржа државниот натпревар по хемија.
Ученичката Ана Станојковска од деветто одделение освои втора награда со освоени 90 поени.
Честитки за ученичката и менторот, наставничката по хемија Драгица Терзиќ.
На 20 мај 2023 година на Природно- математичкиот факултет се одржа 10. Државен натпревар по биологија.
Нашите ученички од седмо одделение ги постигнаа следниве резултати:
 Анастасија Тасева – втора награда
Михаела Ѓорѓиева – втора награда
Честитки за ученичките и уште многу заеднички успеси со нивната наставничка по биологија Силва Зафировска.
Сподели на Facebook и Twitter