Учениците на ООУ ,,Никола Карев“ во рамки на Програмата Еразмус+ во посета на Португалија

Следуваат уште три дена кои исто така ќе бидат интересни, со многу различни активности, а за нив ќе известиме во некој од наредните денови.

Во согласност со активностите на Еразмус+ проектот ‘Leverage Inclusion Through Healthy Living and Sports’, кој е финансиски поддржан и спроведуван во рамките на Програмата Еразмус+ на Европската Унија, а менаџиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, од 22 -26 мај 2023 г. во Португалија се спроведува третата мобилност во рамките на овој проект. Нашето училиште ООУ „ Никола Карев“ во овој проект учествува со пет свои ученици: Андреј Гоцевски, Лука Гоцевски, Андреј Радојковски, Јана Стојмировска и Ванеса Давиткова, а под водство на наставничката по англиски јазик, Даниела Милевска Јакимова, како координатор на проектот и директорката Атинка Стојчевска Барљамова. Во периодот од 13.03.2023 до 17.03.2023 нашето училиште беше домаќин на оваа трета мобилност во рамките на Еразмус+ проектот „Leverage inclusion through healthy living and sport“. Бевме посетени од нашите партнери од Португалија, Турција и Србија при што беа изведени работилници и активности во склоп на нашиот проект. Сега ние сме гости во Португалија, сместени во Guimarães, но со многу активности и работилници кои ги спроведуваме и во Felgueiras, Celorico и Porto и Braga. Првите два дена од нашиот престој во Португалија беа многу динамични и исполнети со дружење и спортски активности заедно со нашите домаќини и партнерите од Србија и Турција.

Поздрав од Португалија.

Ванеса Давиткова

 

 

Сподели на Facebook и Twitter