Учениците од ООУ ,,Никола Карев” од Пробиштип се вратија од Турција

Од 26ти до 30ти Септември 2022 година беше оддржана мобилност во Анкара, Република Турција.

Од 26ти до 30ти Септември 2022 година беше оддржана мобилност во Анкара, Република Турција во рамките на Еразмус+ проектот на нашето училиште. Во мобилноста учествувавме ние со наши ученици и наставници како и нашите партнер училишта. Тоа е главниот координатор училиштето Келорико де Башто од Башто, Португалија, Правно Пословна Школа од Ниш, Република Србија, второто партнер училиште Ескола де Идаеш од Идаеш, Португалија и домаќинот на оваа мобилност основното училиште Синџан Ортокулу од Анкара, Република Турција.
Мобилноста беше изведена во рок од пет работни дена во кои претставниците на партнер училиштата имаа можност да се запознаа со училиштето во Анкара. Учениците зедоа учество на повеќе различни видови на  активности а исто така имаа можност да се запознаат и да дојдат во контакт со друга култура и традиција. По завршувањето на оваа мобилност, во тек се првичните подготовки за наредната мобилност која ќе се одржи во нашиот град во средината на месец Март 2023 година.

ООУ ,,Никола Карев”- Пробиштип

Сподели на Facebook и Twitter