Учество на учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ на литературниот конкурс на тема -„Библиотеката и мирис на книги“ и  „Мојата прва книга “ –

Креативноста, надареноста, амбициозноста, уметничко- стилските вредности  и  поетските афинитети на сите овие ученици дојдоа до израз во нивните оригинални автентични детски прозни  творби

По повод Mесецот на книгата,  Националната установа- Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ Штип,  поетесата и писателката Милица Паулус распишаа Литературен конкурс за проза – краток расказ или есеј на теми „Библиотеката и мирис на книги“ и  „Мојата прва книга “ на која се изврши  избор на најдобра детска прозна  творба.

На овој литературен конкурс учество зедоа голем број на ученици од сите основни училишта ширум нашата земја.

Креативноста, надареноста, амбициозноста, уметничко- стилските вредности  и  поетските афинитети на сите овие ученици дојдоа до израз во нивните оригинални автентични детски прозни  творби.

Во една таква силна конкуренција и селекција спроведена од страна   на стручна комисија и познатата  еминентна македонска поетеса и писателка Милица Паулус нашите ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“ Пробиштип и подрачното училиште од  Злетово под менторство на своите наставници Лила Петрушевска и Билјана Адраманова  успеаја да се здобијат со вредни награди , дипломи и признанија:

На овој натпревар учествуваше  ученичката Лара Милошеска  од VI в одделение во категорија деца и освои II (втора ) награда  како и

Јована Ноева од VIII a одделение која освои признание во истата категорија.

Исто така и од Подрачното училиште Злетово амбициозните и креативни ученици Хана Томевска, Јован Методиевски , Ѕвездан Благоевски и Мила Велковска од III-1 одд. со посебно задоволство и детска инспирација твореа на дадените теми и зедоа учество за што добија признанија.

Сите овие наградени ученици заедно со своите ментори  на еден достоен и креативен начин успеаја  да го промовираат  нашето училиште .

Низ редовите  на  своите лични прозни детски творби оставија   силен впечаток кај комисијата на надарени  млади прозаисти.

При тоа  на еден невообичаен  импозантен начин пишувајќи на зададените теми по повод Месец на книгата успеаја да ја  искажат и  својата  голема љубов кон убавиот пишан македонски  збор, кој секојдневно  традиционално и култно се негува на часовите по македонски јазик и времето поминато во читање на дела од познати македонски писатели  и лично прозно творештво   во литературната секција.

Ученици новинари: Михаела Георгиева,Леона Радованова и Јована Колевска

 

 

 

 

Сподели на Facebook и Twitter