Училишен натпревар по англиски јазик за учениците од петто до деветто одделение во ООУ „Браќа Миладиновци“- Пробиштип

Согласно пропозициите од училиште кое брои над 500 ученици, може да учествуваат по двајца ученици од генерација

Во текот на минатата седмица во нашето училиште се одржа училишен натпревар по англиски јазик за учениците од петто до деветто одделение. Со цел да ги избереме најдобрите ученици кои ќе го претставуваат нашето училиште во понатамошните натпревари организирани од Асоцијацијата на наставници по англиски јазик ЕЛТАМ, се одржа  училишен натпревар на кој учество зедоа 52 ученици. Согласно пропозициите од училиште кое брои над 500 ученици, може да учествуваат по двајца ученици од генерација, нашето училиште во следните натпревари ќе го претставуваат следниве ученици кои остварија најдобри резултати: 

Алекс Насевски и Лара МилошевскаV одделение; 

Лука Ратески и Јован ЗафировскиVI одделение; 

Јована  Митрева и Михаил ДавитковVII  одделение; 

Михаил Симоновски и Калина Кузманова VIII одделение; 

Христијан Атанасов и Теа ЕфтимоваIX одделение. 

Им посакуваме многу успех на сите ученици и достојно да го претстават нашето училиште на претстојните натпревари. 

ООУ „Браќа Миладиновци“ – Пробиштип

Сподели на Facebook и Twitter