Успех на учениците од спортската гимназија од Пробиштип

Ученици од спортската гимназија при СОУ „Наум Наумовски Борче“ Пробиштип учествуваа на Балканско првенство во борење

Ученици од втора година од спортска гимназија СОУ ,,Наум Наумовски Борче” Пробиштип, а исто така се членови на БК Балканец- Штип, на Балканското првенство во борење кое се одржа во Сидирокастро-Серес (Грција) во период од 05 до 07 мај постигнаа одлични резултати.

-Стефан Стојков -прво место

-Стојанче Стојков-трето место

– Марија Цветанова-трето место

Мелани Блажевска

 

Сподели на Facebook и Twitter