Успешен ден за учениците од ООУ ,,Никола Карев” Пробиштип

Фудбалерите со извојуваната победа на регионалниот натпревар продолжуваат понатаму со натпреварувњето, а учениците од литературниот конкурс се закитија со признанија

Денеска нашето училиште ,, Никола Карев ” Пробиштип беше домаќин на регионалниот натпревар со ОУ,,Кирил и Методиј” од Свети Николе, при што нашата екипа издвојува победа со резултат 4:2 и се пласираше во понатамошното натпреварување.

Методија Кралевски

По повод месецот на книгата се одржа литературниот награден конкурс за проза на тема ,, Мојата прва книга”, каде учениците од ООУ,, Никола Карев” добија признанија.

Ванеса Давиткова од 8 одд и Христијан Иванов од 8 одд заедно со наставничката по македонски јазик Маријана Ефремова – Кралевска добија награди за краток расказ.

Честитки за учениците и честитки за организацијата од страна на Универзитетската библиотека,, Гоце Делчев” и писателката Милица Паулус

Маријана Ефремова Кралевска 

Сподели на Facebook и Twitter