Традиционално 10ти Јуни го означува и крајот на училишната година.
По тој повод се одржаа и забавите на полуматурантите , каде освен веселба и дружење имаше и доделување на пофалници на најуспешните.
За најдобар ученик (првенец на ѓенерацијата) на ОУ ,,Никол Карев беше проглсена Елена Николова.
Се одржаа и поединечни забави во подолните одделенија како и забава на ,,Смоки матурантите. Учениците со песни и веселби се збогуваа меѓу себе и си закажаа средба на 1ви Септември.
На сличен начин крајот на училишната година беше одбележан и во ОУ ,,Браќа Миладиновци ,каде титулата најдобар учрник ја понесе Калина Милисова. И во ова училиште секоја училница беше исполнета со весел детски џагор и песна, пред да настапи тишината која ќе трае цело лето.
Учебната 2021/2022 заврши и за подолните класови во СОУ ,,Наум Наумовски Борче , во кое во тек е електронското аплицирање за запишување на идните средношколци.
На сите ученици им посакуваме убав летен одмор.