Заврши училишната 2021/2022 година

Забавите за збогување означија крај на училишната година во двете основни училишта во Пробиштип

Традиционално 10ти Јуни го означува и крајот на училишната година.

По тој повод се одржаа и забавите на полуматурантите , каде освен веселба и дружење имаше и доделување на пофалници на најуспешните.

За најдобар ученик (првенец на ѓенерацијата)  на ОУ ,,Никол Карев беше проглсена Елена Николова.

 

Се одржаа и поединечни  забави во подолните одделенија како и забава на ,,Смоки матурантите. Учениците со песни и веселби се збогуваа меѓу себе и си закажаа средба на 1ви Септември.

На сличен начин  крајот на училишната година беше одбележан и во ОУ ,,Браќа Миладиновци  ,каде титулата најдобар учрник ја понесе Калина Милисова. И во ова училиште секоја училница беше исполнета со весел детски џагор и песна, пред да настапи тишината која ќе трае  цело лето.

Учебната 2021/2022 заврши и за подолните класови во СОУ ,,Наум Наумовски Борче , во кое во тек е електронското аплицирање за запишување на идните средношколци.

На сите ученици им посакуваме убав летен одмор.

Сподели на Facebook и Twitter