Зонски натпревар во фудбал

ООУ ,, Никола Карев“ не успеа да се пласира во понатамошното натпреварување.

Денес, во рамките на зонското натпреварување, силите на фудбалскиот терен ги одмерија учениците на ООУ ,, Никола Карев“ – Пробиштип и ООУ ,, Браќа Миладиновци“- Куманово.

И покрај тоа што учениците на ООУ ,, Никола Карев“ не ги напушти натпреварувачкиот дух и дадоа се од себе , победата и припадна на учениците на ООУ ,,Браќа Миладиновци“, со што нашата екипа не успеа да се пласира во понатамошното натпреварување.

Методи Кралевски

 

Сподели на Facebook и Twitter