„Жуборењата од Радика” повторно им донесоа радост на учениците од ООУ,, Никола Карев“ Пробиштип

Темата беше слободна, а изборот на наградените творби го направи жири комисијата составена од наши познати писатели

Долгоочекуваните „ Жуборења од Радика“повторно им донесоа радост на учениците од ООУ„ Никола Карев“. Здружението за афирмација и развој на Реканскиот крај – Рекански Порои распиша конкурс за детски литературни творби кои ќе бидат дел од третото издание на стихозбирката и Манифестацијата „Жуборења од Радика“.

Темата беше слободна, а изборот на наградените творби го направи жири комисијата составена од наши познати писатели, помеѓу кој е и Горјан Петрески.

Им благодариме што дел од наградите припаднаа на нашите ученици.

Честитки за Аница Бранкова 9 одд и Јован Младенов 8 одд кои добија  1 место.

Андреа Стојанова 9 одд  и Ана Ампева 9 одд,  2место

Евгенија Адраманова 8 одд и Ванеса Давиткова 8 одд – 3место,

сите под менторство на наставничката по македонски јазик Маријана Ефремова- Кралевска

Маријана Ефремова- Кралевска 

 

Сподели на Facebook и Twitter