ОК Вмро Дпмне Пробиштип – Реакција

Правилникот е изгласан со помош на членовите на Управниот одбор на ЈКП делегирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ без кои гласови правилникот немаше да помине

Почитувани сограѓани,

Во врска со денешното обраќање на Градоначалникот на Седницата на советот која впрочем не беше ни започната, би сакале да одговориме на само едно од обвинувањата упатено до советничката група и до нас како партија, а на останатите ќе оставиме за вас да судите сами. Обвинувањето дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштила седницата на советот само заради тоа да не биде изгласан Правилникот за плати и други надоместоци на вработените во ЈКП “Никола Карев” е апсолутно неточно. Впрочем дека тоа не е така говори фактот дека Правилникот е изгласан со помош на членовите на Управниот одбор на ЈКП делегирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ без кои гласови правилникот немаше да помине. И да, ние сме апсолутно за изгласување на овој Правилник за плати и други надоместоци на вработените во ЈКП “Никола Карев” . Дека ние сме конструктивни и работиме во интерес на граѓаните покажуваме со следнава наша постапка: Ве повикуваме уште утре да закажете Седница на Совет со единствена точка на дневен ред: 1. Донесување на Правилник за плати и други надоместоци на вработените во ЈКП “Никола Карев” – Пробиштип; За кој што ние ќе се изјасниме позитивно и ќе гласаме “ЗА”. Господо од Локалната самоуправа, сега вие сте на потег!!! Со почит.

ОК Вмро Дпмне Пробиштип

Сподели на Facebook и Twitter