Прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ ОК Пробиштип

СДСМ иако ветуваше дека нема да ги зголемува давачките и даноците на граѓаните, сведоци сме дека го прави токму спротивното.
За само шест месеци, по втор пат е покачена цената водата во Пробиштип. 
Овојпат жителите на Пробиштип плаќаат поскапа вода за 2 денари а жителите на Злетово за 5 денари за m³.
Вкупно само за половина година цената на водата во Пробиштип е покачена за фантастични 11 денари и сега изнесува 42 денари по m³.
Иако во непосредна близина се наоѓа браната Кнежево , пробиштипјани пијат најскапа вода во регионот. Само за споредба во општините што користат вода од Хидросистемот Злетовица, цената на водата во Свети Николе изнесува 38 денари по m³ a во Штип 36 денари. Во останатите општини цената на водата во Карбинци е 33 денари, во Крива Паланка 26 денари а во Кратово само 17 денари по m³.
СДСМ иако ветуваше дека нема да ги зголемува давачките и даноците на граѓаните, сведоци сме дека го прави токму спротивното. Својата неспособност и незнаење да ги менаџираат институциите скапо ги чини и ја плаќаат токму граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ ОК Пробиштип

Сподели на Facebook и Twitter