СДСМ Пробиштип : Реакција на прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Пробиштип од 20.07.2022 во врска со покачување на цената на вода

Водата во Пробиштип е со иста цена од 2008 година, а во меѓувреме трошоците се неколкукратно зголемени
Почитуваната Драгана Трајчевска која инаку е член на Надзорниот одбор на ЈКП “Никола Карев” Пробиштип, денес наместо да се појави на седница и да дискутира за проблемите и потребите на граѓаните, одлучи да држи пресови за ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Ова на дело го покажува евтиното душегрижништво на ДПМНЕ, на кои им е побитно да продаваат евтин популизам наместо да сработат нешто.
Од ВМРО ДПМНЕ треба да знаат дека Јавните комунални претпријатија одамна не се надлежни за менување на цената на водата. За тоа постои регулаторно тело. Цената е јавно објавена на нивната страница. Инаку, водата во Пробиштип е со иста цена од 2008 година, а во меѓувреме трошоците се неколкукратно зголемени.
СДСМ Пробиштип
Сподели на Facebook и Twitter