СДСМ Пробиштип : Реакција на прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Пробиштип од 21.07.2022 во врска со напуштање на седница на совет

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ од Пробиштип  денес продолжува со пласирање на лажни вести и создавање лажни конструкции

Почитувани сограѓани,

Очигледно нервозни од тоа што пропадна уште еден нивен обид за замајување на јавноста со лажен патриотизам, Советничка група на ВМРО ДПМНЕ од Пробиштип  денес продолжува со пласирање на лажни вести и создавање лажни конструкции.

Во овие осум месеци како членови на Советот избрани од граѓаните истите тие, покажаа дека за нив важи онаа народната Силни на зборови  – слаби на дело” па сите важни одлуки за граѓаните, институциите и градот ниту ги поддржаа ниту дадоа согласност.

И да, за тоа постои локален медиум каде секоја одлука, секој еден глас е јавно пренесен и презентиран. Транспаретно и отчетно.

Секогаш под изговор дека се нема доволно време за читање на материјалите, едно мислење зад затворени врати друго на говорница,  давање предлози и гласање спротивно на истите со еден збор апсурдно и ирационално однесување, едно зборуваат друго прават.

Врв на лицемерие е ВМРО ДПМНЕ да зборува за конструктивност и дијалог а истите да бидат ВОЗДРЖАНИ кога се носат мерки за ублажување на енергетската  криза во опшината, да бидат ВОЗДРЖАНИ кога треба да се градат општински улици и патишта, ВОЗДРЖАНИ кога треба да се решат еколошките проблеми, ВОЗДРЖАНИ кога граѓаните треба да добијат помош, ВОЗДРЖАНИ кога децата и возрасните треба да се радуваат на културните настани, ВОЗДРЖАНИ за нормално функционирање на институциите и нормално функционирање на нивните вработени.

Советот е место за дебата, разговор, аргументирани  ставови и заеднички одлуки за добробит на граѓаните и градот.

 Време е советниците на ВМРО ДПМНЕ да ги остават на страна партиските математики, иако дел од нив не се согласуваат со истите.

Време е советниците да  престанат да  бидат марионети во канџите на партиските приоритети .

Време е  да демонстрираат ИНТЕГРИТЕТ со кои ќе покажат дека се вредни за функцијата која што ја извршуваат.

Ниту Советот ниту Општината  никагаш нема да работи спротивно од интересите на граѓаните, ниту пак ќе манипулира  со нив како што тоа го правеше и сеуште го прави ВМРО ДПМНЕ.

Се остваруваат дадените ветувања  и зацртаните цели.

Јавноста ја препознава лажната загриженост на ВМРО ДПМНЕ и ја препознава разликата помеѓу  расипничкото владеење во минатото и сегашното одговорното и домаќинско работење.

СДСМ Пробиштип

 

Сподели на Facebook и Twitter