Вмро-Дпмне Пробиштип: Реакција на соопштението на ЈКП “Никола Карев” Пробиштип

Kако Јавно претпријатие се должни навремено да ги информираат граѓаните особено за вакво чувствително и важно прашање како што е покачување на цената на водата
Почитувани,
На прес конференцијата одржана на (20.07.2022) Ве информиравме за покачувањето на цената на водата, но пред се’ за нетранспарентниот однос на надлежните во ЈКП Никола Карев-Пробиштип.
Уште еднаш го потенцираме следното:
– Во врска со “Соопштение до јавноста” од Јавното Комунално Претпријатие “Никола Карев” дека  истото не е надлежно за покачување на цената на водата и дека тоа го прави регулаторното тело, повторно се прави обид за манипулација и нецелосно информирање на јавноста.
  Имено, регулаторното тело одлучува во постапка исклучиво доколку економскиот оператор (во случајов ЈКП) тоа го побара од регулаторот, за која постапка ЈКП Никола Карев не ја информирале јавноста. Дека регулаторот сам им наложил да ја покачат цената на водата е невистина.
Во однос на тоа дека цената на водата била јавно објавена на веб страната на регулаторот, зошто и тие не го направиле истото? Тие како Јавно Претпријатие се должни навремено да ги информираат граѓаните особено за вакво чувствително и важно прашање.
Се поставува прашањето зошто повиканите во ЈКП  не ги информирале граѓаните и правните лица, на тој начин  овозможувајќи им на граѓаните  и правните лица навремено да го планираат својот буџет, но и потрошувачката на вода.
ВМРО-ДПМНЕ ОК Пробиштип
Сподели на Facebook и Twitter