ВМРО ДПМНЕ Пробиштип – Соопштение!

Да стоиме заедно под паролата: "Ова е Македонија!!!"

Во рамките на нашето присуство на терен кое се одвива под заедничкиот слоган “Ова е Македонија, Македонија за сите”, вчера тим предводен од г-ѓа. Рашела Мизрахи пратеник во собранието на Република Македонија ги посети жителите на Добрево, Древено и Злетово!  

Она што е општа карактеристика е конкретното незадоволство на граѓаните од тоа како се води државата. Неспособноста на актуелната влада се гледа на секој чекор.  

Зборувавме за распаднатото здравство, корупцијата, криминалот,  масовното иселување на младите, пеплосаната правда, “тајните” владини договори за невидливите коридори, за скршеното национално достоинство…  

Народот бара оваа неспособна, клептократска власт што поскоро да замине во заборав.  

Македонија е земја на достоинствен народ, народ посилен од секоја елита, клика и група која се обидува да го држи заробен. А иднината зависи од народот. Овој пат треба сите да се приклучат, овој пат е важно сите да учествуваат во промените. Со истата енергија каква овој народ и земја ги имале при сите големи победи, при сите свои илиндени и свои славни епопеи. Нашата борба е да ја обновиме Македонија.  

Да стоиме заедно под паролата: “Ова е Македонија!!!” 

  ВМРО-ДПМНЕ ОК Пробиштип 

Сподели на Facebook и Twitter