Бесплатниот линиски превоз во општина Пробиштип започнува од утре

Овој проект општината го реализира врз основа на барање на месните заедници, со цел на поголема пристапност за граѓаните од овие населени места, да им се овозможи еднаков пристап до градот за извршување на своите потреби

Бесплатниот линиски превоз во општина Пробиштип, ќе започне од среда (19.07.2023) со следниве релации до и од населените места, во деновите понеделник и среда, и тоа: 

 секој понеделник и среда, поаѓање 07:50 часот: Добрево (сред село) – Древено (сред село) – Злетово (Десетски гумна) – Ратавица (игралиште) – Пробиштип 08:30 (Здравен дом; Центар; Кит Го).

Враќање 13:00 часот Центар, Кит го, Здравен дом. 

 секоја среда поаѓање 08:00 часот: Пишица (сред село) – Гујновци (на регионален пат) – Лезово (регионален пат) – Бучиште (на раскрсница кон с. Трипатанци) – Неокази (регионален пат) – Пробиштип

08:30 часот (Здравен дом; Центар; Кит Го). 

Враќање 13:00 часот Центар, Кит го, Здравен дом. 

 секоја среда поаѓање 08:00 часот: Петршино (сред село) – Неокази – Стрмош (сред село) – Пробиштип

08:30 часот (Здравен дом; Центар; Кит Го). 

Враќање 13:00 часот Центар, Кит го, Здравен дом. 

 секоја среда поаѓање 07:50 часот: Долни Стубол (сред село) – Плешенци (сред село) – Пробиштип

08:30 часот (Здравен дом; Центар; Кит Го). 

Враќање 13:00 часот Центар, Кит го, Здравен дом. 

Овој проект општината го реализира врз основа на барање на месните заедници, со цел на поголема пристапност за граѓаните од овие населени места, да им се овозможи еднаков пристап до градот за извршување на своите потреби. 

  Општина Пробиштип продолжува да работи во интерес и за подобрување на условите за сите граѓани. 

  Општина Пробиштип 

Сподели на Facebook и Twitter