CITY HUNT во Пробиштип

City Hunt е игра во која се работи во тимови за да се стигне до целта преку игрички, предизвици, загатки и најбитно од се тимска работа. Овој настан ќе се одржи во градот Пробиштип и целта на оваа игра е да се запознаеме со градот но, и меѓусебно. Ве очекуваме.

CITY HUNT во Пробиштип! Излезете од својата комфорт зона и приклучете се на едно ново забавно доживување – City Hunt! Овој настан ќе опфати тимско решавање на мистерии, загатки и подлабоко истражување на нашиот град. Ги охрабруваме младите од Пробиштип кои досега немаат учествувано на наш настан да ја искористат оваа можност. За сите млади од Злетово кои имаат желба да учествуваат ќе биде обезбеден превоз. Настанот ќе се одржи на  17.09.23 (недела) од 12:00. Возрасна структура 15-22 години. Пријави се на линкот:

https://forms.gle/pAT8nu38YVSjQWsi8

Настанот е организиран од млади активни граѓани на нашата заедница, кои ова лето беа дел од Академија за животни вештини на млади лидери, организирана од Сојуз за младинска работа, одржана во Младински центар Пробиштип.

Георгиевска Ангела

Сподели на Facebook и Twitter