Целосна реконструкција на улицата “3ти Април”

Со реализација на овој проект се решава проблемот за нормално одвивање на сообраќајот и се зголемува и безбедноста на возачите и безбедноста на пешаците

Започна со реализација проектот за целосна реконструкција на улицата “3ти Април”, овој проект опфаќа поставување на атмосферска канализација, изградба на тротоари, улично осветлување и асфалтирање, со реконструкцијата се проширува и коловозот на 6 метри и тротоари со 1.5 метри ширина. 

Со реализација на овој проект го решавеме проблемот за нормално одвивање на сообраќајот, којшто постоеше од претходно, а со тоа се зголемува и безбедноста на возачите и безбедноста на пешаците. 

Средства за овој проект во висина од близу 18 милиони денари општината ги обезбеди од Министерство за транспорт и врски, економскиот оператор којшто ги извршува работите е Стојменов ДООЕЛ од Кочани, кој има рок за изведба до крајот на месец мај. 

Општина Пробиштип продолжува да работи за подобри услови за сите граѓани. 

Општина Пробиштип 

Сподели на Facebook и Twitter