Дечињата од Детските градинки „Срничка“ и „Цветови“ со новогодишна програма го пречекаа Дедо мраз

На новогодишните програми присуствуваше и Градоначалникот на општина Пробиштип г-дин Драган Анастасов

Денес во детските градинки  „Срничка“  и „Цветови“ при ЈОУГД “Гоце Делчев Пробиштип, дечињата подготвија новогодишна програма, на која радоста ја зголеми доаѓањето на Дедо мраз кој им подели и новогодишни пакетчиња.

На оваа новогодишна свеченост присуствуваа и Градоначалникот на општина Пробиштип ,г-дин Драган Анастасов и претседателот на Советот на општина Пробиштип, г-дин Борче Миланов.

Дедо мраз ги посети и дечињата од Дневниот центар и ги израдува со доделување на новогодишни пакетчиња.

Видеото од новогодишните претстави и изјавата на градоначалникот на општина Пробиштип можете да ги погледнете ТУКА

Сподели на Facebook и Twitter